Соберете ги спомените од вашиот настан

🤍 Со fotonastani.mk сите фотографии од вашата прослава се собираат на едно место - брзо и лесно.

🤍 Гостите едноставно ги прикачуваат своите фотографии, а вие добивате цела галерија исполнета со спомени од вашиот најважен ден.

Погледни пример настан

Дел од нашиот пакет

Електронски покани за вашиот настан

Споделете уникатна електронска покана со анимиран плик, одбројување, локација и потврда на присуство — сè на едно место.

Свадбена покана

Марија & Петар

12 Јуни 2026 · 18:00

42
Денови
12
Часови
30
Минути
18
Секунди

Персонализирана покана само за вашиот настан

Секоја покана е уникатна и прилагодена за вашиот настан — од боите и фонтовите до текстот и музиката. Ваша покана, ваш стил, ваша приказна.

Порака за вашата покана

Вклучете важни детали, инструкции или лична порака за вашите гости. Совршено за споделување на локацијата, нежна порака од организаторите или посебни упатства за настанот.

Потврда на присуство (RSVP)

Гостите потврдуваат online со број на гости и порака. Вие добивате уредна листа во реално време — никакво пребројување рачно.

Често поставувани прашања

Што е Фото Настани?

Фото Настани е дигитална платформа за свадби и настани каде гостите ги прикачуваат своите фотографии преку QR код, а организаторот добива споделена галерија со сите спомени на едно место. Нудиме и електронски покани со одбројување, локација и потврда на присуство.

Како функционира споделената галерија за свадба?

Добивате уникатен QR код за вашиот настан. Гостите го скенираат кодот, без инсталирање апликација или најава, и веднаш можат да прикачат фотографии. Сите слики се појавуваат во заедничка галерија во реално време.

Дали гостите треба да инсталираат апликација?

Не. Гостите само го скенираат QR кодот со камерата на телефонот и галеријата се отвора во прелистувачот — без апликација и без регистрација.

Што се дигитални / електронски покани?

Електронските покани се персонализирани онлајн покани за вашата свадба или прослава со одбројување до настанот, локација на мапа и можност за потврда на присуство (RSVP). Се споделуваат лесно преку линк.

Контактирајте не

или контактирајте не преку социјалните мрежи